ведрат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ведри) Станува ведро, без облаци.
Примери:
Дувна ветре и фати да се ведри.
(се) изјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
За небо, време - стане јасен, чист.
Примери:
Небото се изјасни.
(се) јаснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува појасен, се разведрува.
Примери:
Времето се јасни.
осветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни нешто што било нејасно, открие, протолкува.
Примери:
Овој период од неговото творештво треба малку подобро да се осветли.
Вид збор: Глагол, свршен
Се избистри малку, донекаде.
Примери:
Кладенецот се подизбистри.
Вид збор: Глагол, свршен
Изведри малку, до некоја мера.
Вид збор: Глагол, свршен
Се разбистри малку, донекаде.
Примери:
Водата на кладенчето се подразбистри.
(се) подразведрат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разведри малку, донекаде.
Примери:
Небото над градот се подразведри.
Кога прирокот не отвора место за подмет.
Примери:
Денес се подразведри.
(се) попројаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане малку појасен, се разјасни.
За време - се разведри малку, донекаде.
Примери:
Нешто се попројасни.
Вид збор: Глагол, свршен
За време, небо - направи да стане малку поведро, појасно.
Примери:
Ветрот ги растера облаците и го поразведри небото.
(се поразведри) За време, небо - стане малку поведро, појасно.
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни, објасни нешто во некоја мера.
Примери:
Откако ми ја поразјасни работата, се согласив со него.
(се поразјасни) Се разјасни малку во некоја мера.
Примери:
По дождот, небото се поразјасни и се појави сонце.
Вид збор: Глагол, свршен
За облаци, магла - расчисти, растера малку, донекаде.
Албански:
pastroj, çiltërsoj
Примери:
Ветрот ги порасчисти облаците.
проведриле
Вид збор: Глагол, свршен
Направи времето да стане поведро, небото да стане појасно, но не сосема.
Примери:
Ветрот го проведри времето.
Тргне мисли, грижи од главата.
(се проведри) Стане поведро, појасно, но не потполно.
Примери:
Надвор се проведри, да одиме на прошетка.
(се проведри) Се стемни, но за кратко се проведри.
разбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто бистро.
Примери:
Со тоа ја разбистри водата.
Направи нешто јасно, пречисти, расчисти.
Примери:
Му ги разбистри поимите.
(се разбистри) Стане бистар.
Примери:
Небото се разбистри.
(се разбистри) Стане јасен.
Примери:
Се разбистри малку ситуацијата.
разведрат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за небо, време - направи да стане ведар, јасен.
Примери:
Дувна ветер и за миг го разведри небото.
(се разведри) Обично за небо, време - стане ведар, јасен.
Албански:
qartësohet, kthjellohet
Примери:
По неколку дена дожд, најпосле се разведри.
разјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
За небо, време - направи да стане јасен.
Примери:
Само ветре да се јави, брзо ќе го разјасни небото.
(се разјасни) За небо, време - стане јасен, бистар, ведар.
Примери:
Се разјасни небото.
размрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане јасно; разбирливо, поимливо.
Примери:
Ќе ги размрсат сите планови на пропагандите.
Стане јасно, поимливо, разбирливо.
Примери:
Најпосле се размрси неговиот случај.
(се) разоблачат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л.) За небо – стане чисто без облаци.
Примери:
Се разоблачи небото.
Вид збор: Глагол, несвршен
расветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи, истолкува нешто, разјасни.
Примери:
Добро го расветли прашањето.
(се расветли) се разјасни
расплетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расплете) се размрси
Примери:
Брзо ќе се расплете ситуацијата.